Дела на Артиновска – Трпческа

Вечерва во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

Иложба на 30 дела на сликарката Бојана Артиновска – Трпческа, насловена “Гозба”, ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Сликите се во масло на платно, акрилик, пастел, јаглен, молив, акварел, создадени последниве 20 години. Уметничката завршила ФЛУ во класата на професор Родољуб Анастасов, на отсек сликарство и сценографија. Учествувала на повеќе колонии, а дипломската í била во Сули Ан на тема “Архитектира на времето”. Од 2000 до 2003 година живеела во САД. Првата изложба ја имала во 2008 година во Крушево. Член е на ДЛУП. Работи сценографии, а учествувала и на неколку групни изложби и перформанси.

Loading