Грабулоска на Биенале на млади уметници

Уметничката Софија Грабулоска со делото “Црно – бела мртва природа”, изработено од различни материјали, се претстави на 9 -тото Биенале на млади уметници во Скопје, на тема “Мртва природа”. Делото на Грабулоска го искажува нејзиното видување за природата, бидејќи “мртвата природа”, еден од најстарите жанрови, í е инспиративен, како млад македонски уметник. Мира Гаќина посочи дека во секое општество и во уметноста се појавува мртвата природа како медиум, жанр. Делото се концентрира на прашањето на легитимација на уметничкото творештво во денешната социјална рамка, фронтално го напаѓа проблемот, исмевајќи ги сеништата на дамнешните ритуали што го изгубиле своето значење – вели Гаќина. Грабулоска е постдипломец на катедрата по вајарство на ФЛУ во Скопје. Имала самостојни изложби во Прилеп, во Охрид, Скопје, Маглај и Сараево во БиХ. Учествувала на групни изложби, меѓу кои и на последната во Скопје, “Фрагменти – македонска ликовна сцена 1991 – 2011”, со делото “Крикот на глувонемиот”, создадено заедно со Богдан Грабулоски и Виолета Блажеска.

Loading