Светски куп Прилеп 2011

Моделарство

В недела (8 ч.), на спортскиот аеродром кај Мало Коњари, се одржува 11. Светски куп во воздухопловно моделарство “Прилеп 2011”, според календарот на Меѓународна воздухопловна федерација ФАИ, со поддршка на Воздухопловна федерација на Македонија. Предвидени се категории слободнолетечки модели за сениори и јуниори: Ф-1-А едрилици, Ф-1-Б гуменици, Ф-1-Ц клипеници. Најавени се домашни и учесници од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Б и Х и Чешка. Директор на Купот е Здравко Тодороски, а покровители градоначалникот Марјан Ристески и Локалната самоуправа.

Loading