Балканот освоен

Карате: Успех на Ронин, Лукас и Спорт 94

Вкупно 16 медали зедоа прилепските каратисти од Балканското детско и младинско првенство во Ларнака, Кипар. КК Ронин на Елизабета и Златко Димоски освои две злата: Марија Матракоска, ката тим (Маријана и Мишела Димоски, Анастасија Матеска), шест сребра: две Мишела Димоска, по една Рајне Наумова, Киријана Камческа, ката тим 1 (К. Камческа, Матеа Талеска, Лина Димеска) и ката тим 2 (Искра Каракашоска, Марија Матракоска, Р. Наумова) и две бронзи: Маријана Димоска и М. Матракоска. КК Лукас на Ахил Јаков и Златко Настески одличен со сребро на ката тим (Звонко Николоски, Давид Цветкоски, Константин Василески) и две бронзи: З. Николоски и К. Василески. КК Спорт 94 на Пеце Белистојаноски има три бронзи: Сара Симоноска, Николче Мирчески и Тодор Ристески. На првенството девет земји поделија 278 медали.

Loading