По патеката на Крали Марко

Планинарите на “Макпетрол” од Скопје и ТА “Брацо” за викендов ја организираат манифестацијата “По патеката на Крали Марко”. Во рекреативен дел, в сабота ќе се пешачи од Слонот до манастирот св. Богородица – Трескавец. В недела е официјалниот, натпреварувачки дел, кога се трча по обележената патека од манастирот Трескавец кон Заград, манастирот св. Архангел Михаил, туристичката патека, Слонот, Наковална, Плоча и пак до Трескавец во должина од 16 километри. На трката ќе учествуваат 28 тркачи во женска и машка конкуренција. Најуспешните ќе добијат признанија.

Loading