Паркур шампион

Драганчо Наумчески прави салта низ град

На првиот неофицијален паркур државен натпревар во Скопје, победник меѓу 74 учесници е сограѓанинот, 16-годишниот Драганчо Наумчески. Доби високи оценки за изведбите кај Машински факултет, салата “Борис Трајковски” и на Кале. Наумчески има тешки изведби, скока во далечина по четири метри, прави акробации, салта нанапред и наназад. Со Александар Стеваноски вежбаме во Соколаната и пред зградата Македонија, кај Типските. Учиме финти од интернет да се претставиме пред публика – вели Наумчески, ученик во спортска паралелка на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Поентата во оваа современа уметничка атракција е од една точка до друга да помине на брз, ефикасен, интересен начин. Паркур потекнува од Франција.

Loading