Мовчиња и долчиња

Многу долчиња и рекчиња од околните планини над градот биле пречка за движењето на жителите на стариот Прилеп. Водотеците не биле премостени. Населението се снаоѓало со импровизирани премини, на местата каде што немало доволно камења за пресконување. Ставале штици, талпи, греди по десетина сантиметри и минувале од домовите кон градските чешми со бардињата и ѓумовите в раце. Не ретко премините се уривале, носени од надојдените води. Градот немал претстава што е канализација. Водата течела низ бразди низ улиците. Единствени поголеми премини биле на градската река, на Оревоечка. Се изградиле неколку дрвени моста. Впечатлив бил камениот мост Кемерлија, во турска архитектура на реката Дабничка кај денешната пошта.

Loading