Голак на планинарска дланка

Петнаесетина планинари на “Картуш” два дена беа гости на убавините на Голак. Тие беа дел од маршот на педесетина планинари од земјава, организиран од колегите од друштвото “Поп” од Делчево. Не само што го вкусија Голак денски, туку и ноќе ја полнеа душата со природата на пределот. Логоруваа на прекрасно уредените простори на полјаните, обиколени со бор и друга вегетација.

Loading