Отпор на Чехинките

Ракомет: Жито Прилеп утревечер во второ коло од КПК

Надеж во пристоен резултат за реваншот по седум дена

Утревечер (18 ч.), во второто коло од европскиот женски ракометен КПК, екипата на Жито Прилеп гостува кај Бритерм Весели во Чешка. Целта е пристоен исход со ривалот кој настапи во Скопје, во квалификациска група за Лига на шампиони. Очекувањата беа поголеми по двете победи во првото коло над литванска Гарлиава (22-19 и 37-30), а малку спласнати по поразот 14-30 од Металург. Одиме на победа. Нема калкулации. Играме на поблаг пораз. Елиминираме многу слабости во одбрана и во нападот. Ќе избориме пристоен резултат за реваншот по седум дена – вели Ристо Магдинчев, тренер на Жито Прилеп. Отпатуваа сите 16 првотимки. Јаломитеану одлично бранеше со Металург. Повредена е и не тренираше стонасто неделава. Тука е Наумоска. Бараме лидер на младиот тим. Треба да успееме за самодоверба – истакнува Магдинчев. Утрешниот противник е проучен детално. Игра пожртвувано и силите ги троши во првиот дел. Сите се Чехинки, освен една Украинка. Најдобра е голманката на 45 години, Ленка Черна.

Уште три засилувања

Поразот дома со Металург ги отвори очите. Има неколку слаби места. Празнината е во бековска линија и на крило. Доведуваме уште три засилувања. Има време за поправање – вели Магдинчев. Летоска беа донесени девет нови.

Loading