Дерби со велешани

Трета и општински лиги

Фуриозно ФК Корзо на Панде Трајчески и Горан Тодоровски оди кон Втора лига со 12 бода од четири меча. В недела во Тополчани на дербито го чека петтиот велешки Превалец. Останати: Г. Коњари – Бирлик, Кадино – Црна Река, Кожуф – Младост, Сирково – Млекар, Илинден – Партизан. Претходно Младост – Корзо 0-1, Партизан – Сирково 2-1, Млекар – Кожуф 0-3, Превалец – Кадино 4-1, Ц. Река – Г. Коњари 2-3. Табела: Корзо 12, Кожуф 10 бода. Општинска А, в недела (10 ч.) е дерби на Гарнизон Пролетер – Динамо, лани прекинато во 90 минута на 4-3. Останати: Братство – Тризла, Тополчани – Чепигово, Кадица – Гарван, Ц. Ѕвезда – Козара, Обршани – Боротино. Претходно: Обршани – Братство 0-0, Боротино – Ц. Ѕвезда 4-3, Козара – Кадица 1-1, Гарван – Пролетер 4-1 (половина гостински играчи биле на свадба!), Динамо – Тополчани 3-3, Чепигово -Тризла 1-2. Табела: Братство и Обршани по седум бода. Општинска Б, недела (15, 30 ч.) дерби на водечките Прилеп сити – Слога. Останати: Илинден – Пелагонија, Клепач – Беровци, Канатларци – Варош, Претходно: Канатларци – Прилеп сити 0-0, Варош – Клепач 4-0, Беровци – Илинден 2-2, Пелагонија – Слога 2-4. Табела: Слога девет, Прилеп сити седум бода.

Loading