На терен по двајца попишувачи

Дејан Проданоски, претседател на Регионалната пописна комисија

Граѓаните ќе се легитимираат со патни исправи и лична карта

Утре започнува пописот што ќе трае до 15 октомври. Ќе прави државна статистичка операција на евидентирање на лицата со вообичаено место на живеење во земјава и оние кои не се државјани на Македонија, но поседуваат документ дека се на привремен престој. Во пописната евиденција нема да влезат лицата кои се надвор од државата над 12 месеци. Покрај граѓаните ќе се попишуваат домовите, становите. Семејствата имаат обврска на попишувачите да им ги овозможат потребните податоци, кои се во функција на овој значаен статистички процес. Од Регионалната комисија за попис, која има логистичка задача, за подготовка на теренот, информираат дека се подготвени за утрешниот старт на пописот. Денеска ќе ги поделиме реоните и попишувачите ќе ги добијат материјалите, а утре ќе започни пописот. Претходно ја завршивме едукацијата на попишувачите. Поголемиот дел дојдоа на обуките. Кај нив има ентузијазам за спроведување на пописот – вели претседателот Дејан Проданоски. Комисијата ги покрива општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани. За Прилеп има вкупно 338 попишувачи, за Долнени околу 60, а во Кривогаштани 40. На терен ќе одат по двајца попишувачи, оти на пописните листи ќе се потпишуваат двајцата. Граѓаните ќе се легитимираат со лични документи – објаснува Проданоски, кој посочува дека, ако се јавале проблеми, ќе се решавале во од, во соработка со Државната комисија за попис.

Loading