Изложба на 25 цртежи од Беди Ибрахим ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на Центарот за култура. Историчарот по уметност Конча Пирковска вели дека поставката е древна приказна за воспоставувањето на хармонија меѓу човекот и природата. Ибрахим имал над 20 самостојни изложби во земјата и странство и многу групни. Добитник е на повеќе национални и меѓународни награди. Член е на ДЛУМ и професор е на вајарскиот отсек на ФЛУ.