Ги “натфаштавме” охриѓани

Риболовците од “Мамец” се покажаа најумешни, собирајќи бројни награди на Петтиот меморијален куп “Христо Пандиловски”, организиран од ЗСР “Црна река” од Битола на езерото Стрежево, битолско. Нашите рибари, водени од долгогодишниот риболовец Кирил Николоски, го освоија првото место, екипно со три први зонски пласмани, оставајќи ги зад себе рибарите од Охрид и Куманово. И поединечно, Кирил Груески беше прв, Рубин Николоски втор, а трет Блаже Николоски. Прилепчани втора година со ред се најдобри на купот.

Loading