Тридневна слава на медот

Од вчера до сабота триесетина пчелари од земјава се собраа во центарот на градот три дена да ги афирмираат медот и медните производи како здрава храна на вториот фестивал на медот. Домаќините од пчеларското друштво Братство велат дека одѕивот на пчеларите е пристоен, но и од граѓаните. Објаснуваме дека медот е здрава храна. Затоа и годинешното мото е дека медот во исхраната е инвестиција во здравјето. Цел е да влијаеме на раст на потрошувачката, но и производството. Медот се јаде само по 300 грама годишно на човек, а на Запад пет-шестпати повеќе – вели Зафир Зафироски од организацијата. Според него, медопроизводството може да биде мошне профитабилно, ако државата субвенционира по илјада денари, наместо досегашните 500 денари по пчелно семејство. Главната стимулација би требало да биде во медоносниот сончоглед, сојата и фаселијата. Овие култури имаат богати цветови, од кои пчелите можат да црпат повеќе нектар. Годинава е сушна и не можеме да произведеме ниту по десет килограми мед од сандак, а пчелите во Србија носат до сто килограми од семејство, оти државата го поттикнува производството на сончоглед и соја – објаснува Зафироски.

Loading