На улицата “Крушевска”, на спојот со улицата “Борис Кидрич “, меѓу учесниците во сообраќајот беше и една желка. Прво се движеше по работ, после премина во безбедна зона, на тротоар. Минувачите застануваа, љубопитно гледаа во реткото животинче. Од далеку ли дојде, од некоја куќа ли излезе, домашно милениче ли е? А која и беше целта, бараше ли храна, вода? Не ја нападнаа ниту мачки и кучиња. Сите некаде брзаа, таа полека си паткаше. Крајната дестинација е тука некаде. До градскиот центар, во сообраќајниот метеж и луѓето тешко се пробиваат, а камоли една обична желка.