Фудбал: Во 11 Октомври отпорни на поразите
Макотрпната работа е спас – смета тренерот Секуловски
Прволигашот 11 Октомври го врати на клупата тренерот од Битола, Марјан Секуловски, но за негова несреќа првиот меч заврши со пораз дома со 2-3 од Работнички. Впечаток е дека, според играта, исходот е неправеден. Водевме двапати со 1-0 и 2-1, на моменти многу подобри, а на крај пак со празни раце. Криво ми е. Се трудевме со инцијатива 90 минути. Навреме поведувавме двапати, ама примаме наивни голови по наши грешки – вели Марјан Секуловски. Имаше необични ситуации. Домашните со згусната средина и еден напаѓач, Гешоски. Од четири – пет шанси, искористи две. Не се сопираше. Биеше кон гостинскиот гол со нога и со глава. Попусто, кога одбраната прими три гола. Имаме и добри страни. Желбата за надигрување и победа на голем ривал. Останува да ги елиминираме недостатоците. Спас е макотрпната работа – порачува Секуловски. В сабота е нов тежок меч, кај залетаниот Напредок во Кичево. Домашните на тренерот Драган Бочески претходно по трипати загубија и победија. Изненадија со триумф на гости од 0-2 кај Хоризонт во Турново. Пропуштеното дома, треба да се надомести на гости. Нема предавање. Земаме барем бод од Кичево – подвлекува Секуловски.
Купот лекува рани
Лесен, висок триумф на 11 Октомври над второлигашот Скопје со 4-0, во Купот. Серија голови во нерамноправна игра. Почна Данилов, продолжија Ацески, Гешоски, а се застана со голот на Мојсовски. Доволен капитал за реваншот на 28 септември.