Формиран Ротаракт клуб

Чартер забава се одржа недоамна во Калипсо на која се изврши инаугурација, односно официјален прием на Ротаракт клубот Прилеп во Ротари Интернационал. Со тоа прилепскиот клуб стана дел од глобалните напори за мир и меѓународно разбирање во светот. Собраните пари од влезниците ќе бидат искористени за хуманитарни цели. Ротарактот има динамична историја. Во шеесеттите години, Ротари клубовите спонзорирале младински групи на универзитетите преку проекти за служба на заедницата. Претседателот на Ротари Интернационал од 1967-68 година, Лутер Х. Хоџис, како и управниот одбор на Ротари Интернационал одлучиле дека клупската активност била од меѓународно значење, така што во 1968 година Ротаракт бил одобрен како официјална програма на Ротари клубовите. Првиот клуб бил од Северна Шарлота, Северна Каролина, САД – посочуваат од Ротаракт клубот.

Loading