Неолица, по Кораб и Лесново

Врвот Неолица на Баба Планина ќе биде следната викенд дестинација на планинарите на Картуш. Неколку километри по планината, низ коријата со молики ќе им претставувало полнење на градите со чист воздух и полнење на акумулаторите за наредните работни ангажмани. Во меѓувреме “картушовци” не “мируваа. Седумдесетина планинари првин го “кутнаа” Кораб за празникот на државноста – 8-ми Септември. Тие беа дел од 20 – тото традиционално искачување на врвот меѓу две илјади планинари од земјава и странство. Последниот викенд им “паднаа враце и в очи” прекрасната архитектура и амбиентот на Лесновскиот манастир кај Кратово и на манастирот Јоаким Осоговски кај Крива Паланка. И охридско Скребатно и Велгошти им беа мета за уживање и бегство од горештините во планината.

Loading