Докторат во археолошкиот рај – Македонија

Белинда Божиновски Д’ Ангело, археолог од Австралија

Македонка од Австралија ќе докторира на старомакедонските гробници

Австралијанката со македонско потекло Белинда Божиновски – Д’Ангело на возраст од 27 години дојде во прилепско да подготви докторат за австралиски универзитет на тема – старомакеоднските гробници кај Горно село. На родената мелбуржанка í лежел во генот духот на македонската традиција. Ја предизвикувал да трага на земјата на своите родители, кои заминале на печалба од прилепско – битолскиот регион. Белинда говори македонски, оти е дете на татко од селото Тројкрсти, а и мајка од селото Долно Српци. Знае и да пишува и да чита кирилица. Горда е што како Македонка успеала работно да се ангажира на Универзитетот Ла Троб во Мелбурн, каде наскоро ќе докторира. А тема за докторатот, секако е македонското археолошко богатство. Со професорот Роберт Михајлоски од Битола лани ги видовме гробниците вдлабени во карпа во Горно село кај Прилеп. Направив многу фотографии. Воодушевена бев. Ме интересираат античките гробници и решив да истражувам во Горно село. Побарав и добив одобрение од Министерството за култура да истражувам со прилепските археолози. Виденото на теренот, ќе го пренесам во докторската дисертација, која ќе биде прво истражувања за Македонија на универзитетот – вели Белинда. Белинда уште како мала се интересирала за античка историја.

– Ме влечеше антиката. По магистратурата, менторот ми остави слобода на избор. Се определив да направам античко класичен спој. Тешко, но многу читав и пребарував во библиотеката. Немаше многу, но се снајдов со вртење по фондот на библиотеката во Вашингтон. Наидов на гробниците во Вергина. Прочитав неколку стари книги и посакав да создадам нешто ново. Разбрав за гробниците во Македонија и среќна сум што ги истражував во прилепско, на корени на родителите – објаснува Белинда. Ла Троб универзитетот е познат за археологијата, оти истражува во различни земји. Сакаме да учиме за повеќе места, култури. Се воодушевија кога разбраа дека сакам да истражувам во Македонија. Малку знаат за нашата земја, а тоа беше предизвик. Возбудливо и мистично е да се истражува минатото. Се определив за археологијата и поради тоа што е важно да се знае потеклото. Полна со впечатоци и интересни дожувувања, заминувам за Австралија да ги средам научните сознанија и да ги суредам импресиите. Се радувам на новите знаења – истакнува Божиновски. Појаснува дека малку се знае за нашата држава во Австралија. Убаво се живее во Мелбурн, но има малку сознанија за нашата држава, за културата, археолошките богатства и знаменитости. Само тие со кои живеам, како што е сопругот, кој не е Македонец, ми го знаат потеклото. Ме “оддава” можеби тоа што работната маса ми ја краси македонското знаме. Затоа сметам дека најважно за Македонците е да бидеме обединети, заедно да дејствуваме да ја постигнеме целта – Австралија да ја признае Македонија под уставното име – додава Белинда. Таа посакува пак да истражува, оти смета дека секогаш има нешто ново за откривање. Македонија, особено Пелагонија, е рај за археолозите, а во Австралија има малку книги за Македонија.

Loading