Зојчески незадржлив

Победа јуниор

Два гола на Александар Зојчески и Миравци падна со 2-0 пред Победа јуниор, на второлигашкото дерби. Ретко кој очекуваше од напаѓачот, незабележан минатата сезона. Есенва ги стресе уште Тиквеш и Турново. Квалитетите не се спорни, но проблем беше континуитетот на тренинзи. Ќе биде голгетер, опасен за секој ривал – вели Златко Петрески, тренерот на Победа ј. Победата над Миравци беше подвиг. Потклекна прволигашки тим. Триумфира тактиката, препуштена иницијатива на гостинот, но затворени сите приоди. Се боревме пожртвувано и игравме по договореното. Густо до нашиот гол, не без чиста шанса. Трите бода се мотив за младиот состав да тргне нагоре на табелата – смета Петрески. Претстои пауза, а идната недела, на 11 септември, е гостувањето кај ланскиот прволигаш, Скопје.

Loading