Неизвесен старт

Трета и општински лиги

Третата лига – Југ никако да стартува, доцнењето е две недели. Има недоразбирања, Кавадарци ја зеде канцеларијата, а треба да биде во Прилеп. Никој друг нема да пресече, само ФФМ. Имаше противења, но во последен миг кон 12 тима е можен приклучок на уште два: Бирлик од Велес и Партизан Обршани. Сите уплатија котизација од 50 илјади денари. Ако биде в ред, во 1. коло се среќаваат: Партизан (Обршани) – Бирлик, Илинден – Г. Коњари, Бабуна – Борец, Млекар (М. Коњари) – Кадино, Младост (Кривогаштани) – Вардар, Кожуф – Превалец и Сирково – Корзо. Во А и Б општинските лиги, претставниците за ждрепка се собираат на 3 септември, а првенствениот старт на 11 септември.

Loading