“Сребрените” кај ректорот

Карате

Освојувачите на второто место и сребрениот медал на Универзитетското европско карате првенство во Сараево, Верица Трајкоска, Зорица Спиркоска и Сања Николиќ, со тренерите Елизабета и Златко Димоски, беа примени од Златко Жоглев, ректорот на битолскиот универзитет “Свети Климент Охридски”. Тој го потенцираше успехот, важен за афирмација на Универзитетот и државата. Брачната двојка Димоски се заблагодари на поддршката од Универзитетот. На првенството ката тимот се пласира над фаворитите Шпанија и Турција, а во финалето загуби од Црна Гора.

Loading