АНА ВО БУГАРИЈА

Нашата Ана Тодороска не престанува со мисијата да ја мери својата убавина со онаа на другите девојки во светот. Храбро чекори по трнливиот пат во кој се натпреварува со она што природата í го дарила, секако надополнета со сенсот тоа да се истакне и се запне за окото на жирито. Својата кариера деновиве, 22 годишната Ана Тодорска, ја продолжи во Бугарија. Таа престојот го искористи и да ужива во прекрасните плажи и се релаксира по бројните ангажмани. Не се плаши убавината и шармот да ги спореди со другите девојки, а некогаш во конкуренција и од неколку десеттици убавици од светот. Таа веќе четири година се занимава со манекенство. Член е на модната агенција Њу лук. Била победничка на избори на Фешн ТВ, на Мис бикини, на Мис модел, Мис Азија Пацифик и Мис Самер Интернационал 2011 и др. Учествувала на повеќе модни ревии.

Loading