Зоран Ѓаиќ, здружение Камена колонија од Србија
“Прилеп е град на каменот – на мермерот, гранитот, травертинот. Грев е да не се искористи и да не се создаваат уметнички дела, кои ќе го красат”. Со овие зборови Зоран Ѓаиќ, од здружениео “Камена колонија” од Србија ја објасни идејата за првата камена колонија, што се организираше во “Крин КГ”, а на која се создадоа мозаици и скулптури. Ѓаиќ објаснува дека соработката со прилепската фирма е од 2009 година, кога тој заедно со неколкумина пријатели го основал саемот на камен во Крагуевац. Се продлабочуваше соработка од година во година. Така се роди идејата за колонијата, оти имаме камена колонија на саемот во Крагеувац. Таму на лице место се изработуваат мозаици. Прилеп има многу камен. Ако нема изработка на дела од камен, не знам што друго би имало. Камењата се од Бога дадени. Има квалитетен мермер, гранит, травертин. Само треба да се преточи во уметност, оти во каменот се сочувани почетокот на историјата, стремежите и создавањето на човекот. Каменот низ миленимуите бил оружје, орудие, засолниште, дом… Мозаиците можат да се работат во неколку техники. Тука студентите од ФИЛУМ од Крагуевац, работеа со подлога од гранит од Мариово, на која нанесуваа лепило и ги лепеа коцките. Трите мозаичарки заедно со професорката и скулпторите создадоа интересни дела – мозаик, посветен на крин, кој е интересен цвет и го има на многу грбови, скулптура – распукан крин, цвет, кој излегува од мермерот. Затоа насловот е “Прилепски кринови”. Другите дела се слободни теми – вели Ѓаиќ. Во Србија има млади уметници израбуваат мозаици. Традиција сакале да ја пренесат и во Македонија. Во Србија има околу 40 магистри, уметници кои се занимаваат со изработка на мозаици. Има и студенти, мозаичари. Најдрага е работата со студентите, кои учестваат на колонии и стекнуваат искуства. Сакаме на младите талентирани луѓе да им помогнеме да станат познати – додава Зоран Ѓаиќ, не криејќи го воодушевување од престојот во Прилеп.
Изложба “Прилепски кринови”
Шест уметнички дела, четири мозаици и две скулптури ќе бидат изложени на изложбата што ќе биде отворена вечерва од 20.30 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават прилепскиот скулптор Александра Богоеска, Жарко Блажески. од Македонски брод и мозаичарите професор доцент Милена Белензада и студентите Андријана Даниловиќ, Невена Костиќ и Данијела Рупиќ од Филолошко уметничкиот факултет во Крагуевац.