Разбиена летната монотонија

По завршницата на културното лето

Одличен избор на настани понуди годинашното културно лето на ЦК “Марко Цепенков”. Концерти, театарски претстави, перформанси изложби, беа само дел од дваесетината програмски содржини. За секого по нешто, за сечиј вкус. Особено внимание предизвикаа вечерта на староградски песни, концерот на оперски пејачи од Виена и Јапонија, вечерта на изворен фолклор на балканските народи, настапот на групата “Дамари чалгија оркестар”, кои автентично ги пренесоа македонските чалгаџиски звуци. Не помалку интерес предизвика изложбата на слики од колонијата Дрен која уште трае. Бројни посетители дење или на вечер ги разгледуваат доживувањата на уметниците кои твореа во убавата природа на манастирскиот комплекс Св. Илија во селото Дрен. Културното лето заврши, но од ЦК “Марко Цепенков” ветуваат богата програма цел месец за 20 години од независноста.

Loading