Завршница на Прилепското културно лето

“Прилепското културно лето” организирано од ЦК “Марко Цепенков” финишира. Вечерва од 21 часот на плоштадот Александрија ќе се одржи Вечер на изворен фолклор на балканските народи со претставување на групата ,,Китка,, од Истибања, Виница, српската пејачката група од Вукманово, во близина на Ниш и бугарската КУД “Извор” од градот Попова. Синоќа пак извонредна вечер приредија групата “Дамари чалгија оркестар” од Битола, пренесувајќи ја автентично оригиналната чалгаџиска музика. “Прилепското културно лето” завршува во недела со концертот на битолската група “Памперс”.

Loading