Прва камена колонија за мозаици и скулптури

Прва камена колонија “Прилепски кринови” за изработка на мозаици и скулптури се одвива во фабриката за производство на гранит “Крин КГ”. На колонијата учествуваат уметници од земјава и Србија. Творат скулпторите Александра Богоеска од Прилеп и Жарко Блажески од Македонски брод, како и гостите, професор Милена Белензада и студентите на Филолошко уметничкиот факултет во Крагуевац Андријана Даниловиќ, Невена Костиќ и Данијела Рупиќ. Колонијата се оргнизира да ја поттикне уметноста за создавање на мозаици во земјата. “Крин КГ” ја организира манифестацијата со Здружението “Камен” од Белград и ФИЛУМ од Крагуевац.

Loading