“Калигула” на сцената на театарот

“Калигула” во режија на Зоја Бузалковска е новата претстава што ја подготвува ансамблот на театарот. Играат поголемиот дел од актерите, а премиерата се очекува на почетокот на октомври. Драмата е на Албер Ками, француски писател и добитник на Нобеловата награда за литература. Филозофско егзистенцијален текст е, бидејќи авторот е познат по својот карактеристичен стил и теми. Затоа е многу значајно што Калигула ќе се игра во театарот. Претставата е предвидена со програмата за 2011 година. Во недела театарот ќе гостува во Скопје, на манифестацијата “Карпошово културно лето”, што ја организира општината Карпош. Ќе се одигра претставата “Од кол на кол” во режија на Коле Ангеловски.

Loading