Старт в недела

Трета лига

Третата лига -Југ стартува в недела, а во последен миг кон 12 тима е можен приклучок на уште два: Бирлик од Велес и Партизан Обршани. Обршанци уплатија котизација од 50 илјади денари, собрана од турнирот во мал фудбал. Траеше цел месец, а победник е Ментура трејд со 4-0 над Доктор Лашкоски. Во 1. коло се среќаваат: Партизан (Обршани) -Бирлик, Илинден -Г. Коњари, Бабуна -Борец, Млекар (М. Коњари) -Кадино, Младост (Кривогаштани) -Вардар, Кожуф -Превалец и Сирково -Корзо. На овој меч гостите ќе играат за победа, посветена на починатиот Иле Благоески -Бела, кој цел живот го мина во ФК Корзо.

Loading