Највисок ракометар во Грција

Филип Ангеловски

Левиот бек, Филип Ангеловски (25), останува во Грција, каде е највисокиот во Супер лигата, со 195 сантиметри. Го менува само клубот, од 12-топласираниот Панилиниос од Атина во вицешампионот ПАОК од Солун. Прва намера беше преселба во Турција, но не се одбива примамлива понуда. Одам во амбициозниот ПАОК – вели Ангеловски. Го очекува европската сцена, во ЕХФ купот. Во домашна конкуренција е борбата за трофеј во лигата и купот, со најлутиот ривал, првакот АЕК. Тренинзите стартуваат деновиве. Во ПАОК сум единствен странец – истакнува Ангеловски, поранешен играч на ТК Бренд и Вардар.

Loading