Гостува Барса од Миравци

Победа јуниор игра дерби

В недела (16, 30 ч.), на стадионот “Гоце Делчев”, во четвртото второлигашко коло десеттата Победа јуниор игра дерби, а ривал е четвртото Миравци. Домашните, иако без тренерот Кире Овезоски кој поднесе оставка, осоколени од претходниот триумф на гости од 1-2 кај Осогово во Кочани, атакуваат на нов успех. Респект за гостите, но имаме самодоверба и сили за нови три бода -велат играчите на Победа ј. Гостинот е познат и како “Барцелона” од Миравци. Да не подареше место на Вардар, ќе беше во елитата, откако го прегази Скопје со 4-1 на баражот. Имаме младост и квалитет, а и теренот ни лежи. Доаѓаме по добар резултат -порачува Звонко Бучков, тренер -играч на Миравци. ПОБЕДА ЈУНИОР: Апостоловски -Талески, Велјановски, Иваноски, Котески -Колчакоски, Д. Ристевски, Петрески, Чешелкоски -Карчески, Зојчески. Тренер: З. Петрески. МИРАВЦИ: Бошњаков -Ташков, Бучков, Митков, Џонов -Ѓоргов, Петков, Попов, Тодоров -Мижоров, Штерјов. Тренер: З. Бучков.

Loading