“Нашиот” Грк стана прилепски зет

Помладиот сопственик на конфекцијата Васидора, Јорго Васидополос, стана прилепски зет. Негова избраничка е машинскиот инженер од Прилеп, Невена Костоска. Ако на двете земји од каде потекнуваат младите не им оди политичката љубов, за обичниот свет нема ограничувања. Дознаваме дека неколкугодишната љубов на младенците неодамна била крунисна со размена на венчални прстени. Тие и официјалано го рекле “судбоносното “да” пред матичарот. Не се знае дали прилепскиот зет, чиј татко Ефтимиос, кој десетина години е “прилепчанец” во конфекцискиот бизнис и се обидува да влезе и во бизнисот со градежно-архитектонски камења, ќе направи свадба да го овековечи мигот на радост и запливувањето во брачните води. Се знае само дека невестата е ќерка на експертот во областа на истражувањата со мермерни богатства во прилепско, инженерот Зоран Костоски.

Loading