Старите песни во изведба на UNIQUE

Пет – шест наши студенти на музичката акаденија “засилени” со еден битолчанец неуморно тренираат секој ден нови нумери да создадат побогат репертоар на групата UNIQUE за свирки во живо низ прилепските кафетерии.   Убедени се дека со секојдневните неколкучасовни проби, ќе успеат да се наметнат и да летнат во ѕвездите, меѓу популарните. Не се анонимуси, не само заради неаматерската подлога, туку веќе се препознатливи. Имале успешно деби во кафетеријата Азур. И вечерва пак ќе ги палат гостите на истото место, од каде тргнува кариерата на неколкуте заљубени и неуморни момчиња во рокот. Негуваат надеж дека ќе ја стават на ЦД своја песна, која е веќе готова, но не е снимена. Ориентирани се на модерна музика, хитови, кои можат да ги отпеат вокалите со раскошните гласовни можности. Сите избираат песни за репертоарот. Вежбаат популарни наши и странски хитови, евергрини, или сé што се слуша за создавање на еуфорична атмосфера. Во составот се, соло гитара Дарко Ристески, вокали Петар Киселоски и Христијан Вузески, клавијатури Дејан Трајкоски, тапани, битолчанецот, Ратко Крапчев и бас гитара Александар Шилоски.

Loading