Прилеп сити со 12 теста

Општински лиги

Новоформиран фудбалски клуб е ФК Прилеп сити на менаџерот – тренер Коста Мирчески. Летово има 12 пријателски меча, со биланс од четири победи, едно реми и пет пораза. Во средата на мегдан беше со Големо Коњари, а денеска со Илинден Долнени. Меѓу триумфите е 1-3 на гости над вториот нов, ФК Варош. ФК Варош на тандемот Златко Алексоски – Берто Бузлески, одигра трипати. Има два пораза и реми, а вчера беше тестот со младинците на 11 Октомври. Новите се вклучуваат во Б – Лига на ОФС, меѓу 10 тима. Поквалитетната А – Лига се очекува да брои 12 екипи, а таму нови се Братство Житоше и Партизан Обршани. Првенствата стартуваат на 11 септември.

Loading