Корзо во Сирково

Трета лига

Во Кавадарци одлучено е Третата лига – Југ да стартува на 28 септември. Котизацијата од 50 илјади денари ја платиле 12 клуба, а се шпекулира за приклучување уште четири. Од ОФС Прилеп засега се пет: новото Кадино, Младост (Кривогаштани), Големо Коњари, Млекар (Мало Коњари) и Корзо, а неизвесен е Партизан (Обршани). Доколку остане дефинитивен распоредот, во 1. коло се дуелите: Сирково – Корзо, Илинден – Г. Коњари, Бабуна – Борец, Млекар – Кадино, Младост К. – Вардар и Кожуф – Превалец. Тимовите се подготвуваат. Корзо со новиот тренер Горан Тодоровски има победи над Младост 4-0, Млекар 3-1 и реми 0-0 со Г. Коњари, а во средата играше со Кадино, во Тополчани, на рефлектори! Екипата на Млекар, предводена од Сашо Цветаноски и Орде Маркоски загуби по 1-3 од Корзо и младиот 11 Октомври, го победи 3-2 и 4-3 Младост, а в недела игра со Варош.

Loading