Храбро во Кочани

Победа јуниор

В недела е трето второлигашко коло, а Победа јуниор гостува на Осогово во Кочани. Составот на Кире Овезоски од два меча има бод (пораз на гости од Тиквеш 1-2, реми дома со Еуромилк 1-1), а кочанчани прво победија дома со Беласица (3-0), а во неделата загубија во Кавадарци (1-3). Претстои неизвесност. Ривалот е непознаница, но претпоставка е дека е квалитет. По првиот освоен бод добиваме самодоверба – вели Овезоски. На првиот дуел дома, со Еуромилк, голот на стоперот Виктор Велјаноски не беше доволен за триумф. Промашени беа три – четири чисти шанси, примен ефтин гол и на крајот реално е ремито 1-1.

Loading