Задоволство по првиот настап

Љупчо Трајаноски, виолист

Виолистот Љупчо Трајаноски, имаше успешен концерт на Прилепското културно лето. Со партнерката, пијанистката Тамара Коминовска, во придружба на професорката м-р Татјана Божиновска, исполни дела од Хофмеистер, Бах, Михајло Николовски, Ванхал и Глинка. Трајаноски покажа дека е надежен и талентиран виолист со изведба на делата на големите композитори. Му било драго што првиот солистички концерт го имал во родниот град. Возбудата беше голема, бидејќи се претставив првпат пред моите сограѓани. Ќе има уште концерти. Планирам да го продолжам образованието на музичката академија – вели Трајаноски. Потекнува од музичко семејство. Освоил повеќе државни награди како солист, во дует со Коминовска и оркестарот на музичкото училиште во Битола.

Loading