Поетски изблици под Маркови кули

Кај Слонот, на Тронот, како што велат прилепчани, повторно беше место за дружба на македонските и словенечките поети, кои ги пренесоа поетските изблици на петтата манифестација “Поетско Маркукуле”. Сите 57 учесници, и помали од 16 години, го пренесоа својот збор во убавата вечер. Со пренесувањето на чувствата низ стихови докажаа дека се надарени за поезија. Ним им се придружија и 10 сликари од ДЛУП. Ги пренесоа на платно впечатоците. Сé да е добро организиранно, се погрижија и учениците од од музичкото училиште свирејќи на хармоника. “Поетското Маркукуле”, организирано Библиотеката “Борка Талески” и здружението “Пела” од Словенија, со поддршка на општината, полека, но сигурно се етаблира како извонредна летна манифестација која предизвикува интерес не само кај граѓаните, туку и кај љубителите на пишаниот збор, кои доаѓаат од разни страни да ги пренесат своите чувства. Во рамките на манифестацијата беше промовирана и збирката “Кај Слонот на Тронот” од минатогодишното Поетско Маркукуле во која се објавени песни од 58 учесници.

Loading