МАКЕДОНСКО – АВСТРАЛИСКИ ТИМ “КОПА” ГРОБНИЦА ВО ГОРНО СЕЛО

Археолозите од Завод и Музеј Александар Миткоски и Душко Темелкоски, со австралијанката Белинда Божиноски Д Анѓело со македонско потекло, истражуваат гробница, вдлабена во карпа во атарот на Горно село. Се ископува со “австралиски долари”, оти Белинда планира да докторира на Унверзитетот во Мелбурн за гробниците во Македонија. Археологот Темелкоски вели на колешката í нило желба да истражува во Македонија и го одбрала прилепското поднебје. Меѓународната соработка за нашите археолози е добредојдена, оти со странски пари ќе истражи уште една македонска гробница, а Белинда ќе дојде до нови археолошки сознанија.

Loading