Инспирациите од Дрен на јаве

Вечерва во Галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

Изложба на 40 слики изработени од 13 уметници од колонијата Дрен ќе биде отворена вечерва од 20.30 часот во Галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Ќе се претстават уметниците Маја Стефановска, Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Александра Дунимаглоска, Тони Чатлески, Мирослав Стојановиќ, Емилија Ѓорѓијоска, Владимир Кнежевиќ – Путец и Силвана Атанасоска од Македонија, Венера Константинова и Гергана Минкова – Аначкова од Бугарија и Јасмина Селиг и Наталија Мијатов од Србија, што ги изработија во убавиот манастирски комплекс “Св. Илија” во селото Дрен. Колонијата се одржа на почетокот на јули по четврт пат. Изложбата се реализира во рамките на традиционалната манифестација “Прилепско културно лето”.

Loading