СТАРТ НА 11 СЕПТЕМВРИ

Општински лиги

Општинските лиги почнуваат на 11 септември. Претходно, на 3 септември е состанокот во ОФС Прилеп со претставниците од сите екипи од А и Б лигата. Системот не се менува, првакот од Б оди директно во А, а првакот од плејофот во А лигата е со можност да биде третолигаш, по примерот на Кадино. Во Б лигата нов член е обновениот ФК Варош, а најавен е и ФК Прилеп сити. Останатите се: Гарван Десово, Илинден Долнени, Мукос Дреновци, Пелагонија Пашино Рувци, Клепач, Беровци, Воѓани и Канатларци. Во А лигата се пресели првакот Братство Житоше, а таму се уште: Динамо Мажучиште, Тополчани, Кадица Забрчани, Тризла, Обршани, Пролетер, Боротино, Чепигово, Козара Заполжани и Црвена ѕвезда Сенокос.

Loading