ПЕТ ЧАСА ТРЕНИНЗИ СЕКОЈ ДЕН

Ракомет: Жито Прилеп на високо професионално ниво

Ниедно негарантирано место

Веќе 15 дена течат подготовките на суперлигашот, Жито Прилеп. Да се проследи само еден тренинг се наметнува прашањето: како ли издржуваат девојките. Напорно е, суперпрофесионално, како што бара Ристо Магдинчев. Поинаку не може, само вака до ефект. Првотимките слушаат и сé е в ред. Една недела го полневме аеробниот капацитет во Маврово. Наутро се трчаа до 14 километри, а попладнето вежби со медицинки, штафети и слично, но и со топка ≠ смета тренерот Магдинчев. Не е полесно во салата “Сонце”. Тренираат во две групи за поголемо поединечно внимание. Покрај физичкиот дел, се вежбаат удари, одбрана и напад. После следува фитнес сала. Попладнето е програмата за колективна тактика или пет часа тренинзи секој ден. Од понеделник стартуваме со контролни средби, да добиваме слика за квалитетите одделно. Претстои борба, оти на никоја не и е загарантирано местото ≠ порачува Магдинчев. Се вклопуваат деветте засилувања (Романка, пет Црногорки и три домашни). Сите се наметнуваат со дисциплина и извршување на обврските. Новата екипа има висина, а критериум е и интелигенцијата, да не повторуваме постојано исти совети за исти грешки. Ни треба уште десно крило или бек и ќе бидеме комплет ≠ заврши Ристо Магдинчев.

В понеделник со Романки

На 15 август, в понеделник, стартуваат контролите. Прв ривал  во “Сонце” е Дева од Романија. Наредниот ден е реваншот. Натаму нема застој, в среда доаѓа грчкиот првак Орми Патрас со кого има и втор дуел в четврток. Следи турнеја во Врњачка Бања, Србија и мечеви со Раднички Белград, Борац Чачак, Наиса, Књаз Милош и две со Јагодина. Јагодина потоа доаѓа на два реванши во Прилеп, за вкупно 12 теста пред гостувањето на Жито Прилеп во КПК, на 3 септември во Литванија.

Loading