ЕВРЕЈСКА ВЕЧЕР ЗА ИДИНДЕНЕЦОТ РАФАЕЛ КАМХИ

Во Крушево

Класичниот музички состав Вокали, во кој членува прилепчанката Ирена Крстеска, приредија необично музичко уживање на Еврејската културна вечер, посветена на еден од основоположниците на ВМРО, Рафаел Камхи, роден битолчанец, на градското плато во Крушево. Тие изведоа латино песни со акцент на еврејски композитори. За значењето на Камхи во Илинденското востание, професорот Панде Лазаревски, претседател на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, рече дека еврејската и македонската заедница имале високо ниво сплотеност. И денес, двете земји негуваат добри односи, оти имаат корен од Илинден 1903 година – рече Лазаровски. Лилјана Мизрахи од Фондот потенцира дека делото на Камхи е вредно, оти, како Евреин, се борел за самобитноста на Македонија.

Loading