НАВИВАЧИ ОД БОЛНИЦА

Историја

По подолго време, на дербито 11 Октомври – Вардар, се појавија гледачи на “феријалната” трибина, како популарно се викаат скалите кај старата Болница. Тие во минатото децении беа максимум исполнети со гледачи. Кога играше Победа, немаше празно место. Често имаше кавги, кој да заземе подобра позиција над оградниот ѕид. Помладите се качуваа и на дрвјата. Тоа беа група фудбалски љубители кои не плаќаат влезници. Едни поради финансиската немоќ, други од навика, колку и да имаат пари не сакаат во животот ништо да платат. Но, на сите едно им е – бескрајната љубов кон фудбалот. Ниеден друг спорт не ги држел на жешко и по студ да гледаат и издржат два часа. А преку ѕидот се гледа половина терен! Навивачките анегдоти останале многу, а за тие што се обиделе преку ѕид да влезат со партизанско качување, во спомен се повреди на нога, рака, глава, удар од стапот на редарот, искинати или извалкани фармерки од писа… Сé заради – Победа.

Loading