ПРОЗА НА СОСТОЈБИ, АНАЛИЗИ И ТИВКА НАРАЦИЈА

Никола С. Вељановски, автор на книгата “Личен став”

“…Болен сум. Не, не, нека не предизвика оваа реченица чувство на грижа. Уште помалку тага. Ова е болест во која за чудо уживам. Сакам секогаш да постои во мене. Па нели е прекрасно чувството на исполнетост?! Токму така и се чувствувам…”. Вака го започнува раскажувањето во книгата “Личен став”, младиот автор Никола Стипе Вељаноски. Книгата го асоцира насловот, кој ги буди љубопитства за ѕиркање меѓу кориците. Од првата реченица, со првиот пасос, се открива интимизирана атмосфера на млада индивидуа, која ја разголува внатрешносат, ја распостила мислата, да ја објасни корелацијата со себе, со околината, со надворешниот свет. Над сé, да се обиде искрено да ги постави дилемите во едно егзистенцијално транспонирање на себе во сегашново време. Се обидувам да го објаснам времето во кое живеам, почнувајќи со реминисценции од детството, преку палавостите на раната младост, надежите и бескрајните верувања, втурнувајќи се во надворешниот свет. Давам лично гледање на појавите и на опкружувањата. Говорам за времето, за општеството, за социо -политичките собитија, за сопствената позиција, за мојот светопоглед, за ставовите кон општеството, за семејството, школството, религијата, за љубовта. Се разбира, и за трагичноста на едно време во кое младите грчевито се борат да ги остварат своите потреби, желби, соништа, бидејќи опфатени од очајот, заталкуваат по ужасните патишта на дрогата, криминалот, проституцијата, алкохолизмот. Ја напишав со нарација која опоменува  – вели Вељановски.

Loading