ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ ПО ПЕТТИ ПАТ

Утревечер  од 19 часот петто издание на манифестацијата “Поетско Маркукуле” кај Слонот под Марковите Кули. Петар Петрески, директор на Библиотеката, вели дека манифестацијата прераснала во мултимедијална и интернационална. Ќе учествуваат над педесетина уметници, поети, сликари, музичари од Македонија и од странство. Ќе се претстават уметници од помладата и постарата генерација, како и уметници, членови на ДЛУП – информира Петрески. Вечерта ќе биде промовиран и Зборникот “Поетско Маркукуле 2010”. Организатори на “Поетското Маркукуле” се Библиотеката “Борка Талески” и здружението”Пела” од Словенија.

Loading