ТЕАТАРОТ ВО ЉУБЉАНА И ЛАЈПЦИГ

Театарот есенва ќе гостува на реномирани европски театарски фестивали. Во септември на Експонто, во Љубљана, Словенија и во ноември на “Евросцена” во Лајпциг, Германија. Уметничките директори на двата фестивали ја објавија програмата, во која е селектирано учеството на нашиот театар. На “Експонто”, театарот на 21 септември ќе ја изведе “Кавкаскиот круг со креда” од Брехт, на Мартин Кочовски. Фестивалот постои од 1993 година, и се обидува преку културна размена и меѓународни копродукции да ги одржи врските меѓу државите од Балканот и Југоисточна Европа. На “Евросцена” во Лајпциг, театарот ќе се претстави со музичкиот спектакл “Антица” по Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец. Уметничкиот директор Ен Елизабет Волф предвидела “Антица” да се игра двапати, на  11 и на 12 ноември. “Евросцена”, се одржува 21 година, под покровителство на градоначалникот на Лајпциг. Посветен е на современиот европски театар. За театарот е значајно, оти е селектиран во силна конкуренција. Тоа е потврда за квалитетот на  претставите и на ансамблот.

Loading