ГИЧЕСКА БЛИЗУ ДО ВИРТУОЗ НА ПИЈАНО

Десетгодишната Александра Гическа е талентирана и надежна млада пијанистка. Ученичката во музичкото училиште се претстави во извонредно издание на концертот на прилепското културно лето. Покажа дека располага со раскошна дарба, исполнувајќи дела од Бах, Клементи,  Бетовен, Моцарт, Шопен и Шуберт. Реткиот талент од најрана возраст се одликува со доближува до виртуозност со сериозниот пристап на интерпретацијата на делата. Блиску е до карактеристиката “чудо од дете”, својствена на големите уметници. Со музикалноста и трудољубивоста, таа забрзано напредува во откривањето на тајните на пијаното, под менторство на Филип и Мелани Пеоски, потврдувајќи ги бројните награди и признанија на меѓународни и државни натпревари.

Loading