ЛУКСУЗ МЕСТО ПЕСОК

Летна понуда – Дубаи

Обединетите Арапски Емирати се федерација од седум држави на чело со емири. Дубаи, е втор по големина емират и трговско и туристичко средиште, а најголемиот, Абу Даби е главен град на ОАЕ

До височина од 85 метри, се издигнува затворена скијачка патека со вештачки снег. Најдолгата стаза е 400 м, со максимален капацитет од 1500 луѓе на час со 5 ски лифтови

Дубаи е град изникнат среде пустина во кој се наоѓа највисокиот хотел, најголемиот вештачки залив, највисокиот облакодер на светот. Создаден како од приказните, во Дубаи камилите и трговците се заменети со луксузни автомобили и дизајнерски продавници, а харемите со ноќните клубови. При првата средба со градот, туристите се маѓепсани и занесени од сјајот, луксузот, културата и гостопримството на арапскиот свет… Сместен меѓу Европа и Азија, на јужниот брег од Арапскиот залив, Дубаи е скапоцен камен во круната на Обединетите Арапаски Емирати, основан во 1971 година. Муслиманското население ја сочинува оваа федерација, основана уште во 7. или 8. век, што е поврзано со поделбите на локалните арапски народи. Домашното население е само 20 отсто. Целосно е згрижено материјално, финансиски и правно од страна на шеикот. Од почетокот на 17 век, Англичаните беа највлијателни Европјани. Денес, големите нафтени извори ги прават емиратите богат регион. Почнуваат меѓусебно сé повеќе да соработуваат и во 1971 година, кога англиските сили го напуштиле Заливот, повеќето од емиратите се зачлениле во ОАЕ.  Тоа е федерација од седум држави на чело со емири. Дубаи е втор по големина. Емиратот е трговско и туристичко средиште. Најголемиот е Абу Даби, кој е и главен град на ОАЕ. На секој чекор исконски мирис на истокот, раскош и богатство, заслепувачка златна, мирисно зачинска и шарена текстилна разновидност на пазарите – посветеност на туризмот, грандиозни облакодери и најскапи хотели, чии врвови го допираат небото. Тоа долго се памети.

Луксуз на секој чекор

Вистинската средба со Дубаи, градот на иднината, се доживува во најпознатиот и најлуксузниот дел од градот – Јумеирах, кој не може да се споредува со ниеден од најмодерните ервопски градови. Необично, на прв поглед, е што Дубаи нема класичен центар, со старо јадро и плоштад. Затоа секој дел има свој луксузен и богат центар, улиците се полни со модерни канцеларии, работни згради, хотели чија архитектура остава без здив секако, шопинг центри во кои се одвива социјалниот живот. Зад аголот чекаат стари арапски градби, остатоци од арапското село, преуредени во музеи и други сведоштва од богатото наследство на овој град. Возбудуваат глетките исполнети со луксуз и сјај, особено новата населба крај морскиот брег, The Palm Jumeirah (вештачкиот остров во облик на палма со 4 000 луксузни станови и вили). На главната улица во населбата е џамијата Jumeirah Mosque. Единствена е во која е дозволен влез за лица од други религии, со претходна најава. Вреден за посета е Дубаи Музејот. За кусо време се сваќа какви се всушност ОАЕ. Особено Дубаи, кој само за 30 години, воден од јасната визија на шеикот, помина интересен развоен пат и постигнаа успех за воодушевување. Низ историјата на бедуините, наследството на “синовите на пустината” и развојот, се гледа напредокот на Дубаи во супер модерно место.

Голден соук – улица преполна со златари

Градскиот кварт Бур Дубаи е и центар на Дубаи. Со абрите, откриени моторни дрвени бротчиња, нешто како “водно такси”, туристите се движат низ каналот Дубаи Греек. Импресионираат зградите со стаклени површини во чии огледала се одсликува водата. Во Деири пазарот, наголемо се чувствува источното тргување со задолжително ценкање. Најпознати се Golden souk (улица преполна со златари каде може да се најдат врвни дизајнери на накит, но и арапско злато со силна жолта боја 22 или 24 карати) и Spice souk (кварт со зачини од цел свет, ширејќи интензивен мирис на анис, сандаловина, кари, цимет…). Посетени се и пазарите за тексил, свила, кашмир… како и со техника и електроника каде поволно можете да купите компјутер, камера, мобилен… Воодушевуваат прекрасните излози со злато и љубезните продавачи, додека туристите жедта ја гаснат со свежо исцедени сокови од ананас, банана, манго…

Стакло во пустината на Абу Даби

Абу Даби е главниот град на ОАЕ, кој е најголемиот и со нафта најбогатиот емират. Таму е најголемата трговска слободна зона – пристаништето (Јебел Али ебел Али). Софистицирани облакодери, прекрасни паркови и градини, пустинските дини и дрвја. Градот е со многу модерни елементи на исламската култура, значително многу посмирен и релаксиран од раздвижениот Дубаи. Големиот часовник чии стрелки и бројки се искомпонирани во прекрасно уреден парк – мала оаза од зеленило, се прекрасно место за фотографирање. Најстарата градба во Абу Даби, Ал Косн палата изградена меѓу 18 и 19 век, позната е како Бела палата. Порано била тврдина за заштита на единствениот извор со питка вода во емиратите за да стане и остане до денес сопственост на шеикот се до 1966 година. Денес Белата палата е преуредена во Национално историски музеј за традиционални предмети (оружје, алати, накит…), документи и фотографии кој им припаѓале на владеачкото семејство. Покрај морето, на крајбрежјето е Marina Mall. Тоа е најголем шопинг центар во Абу Даби, каде туристите пазарат во супер модерен центар на местото каде пред еден век била бедуинска населба. “Нај градбата” во Абу Даби е најлуксузниот хотел до кој се стигнува само со хелихоптер. Најголемиот фудбалски стадион Sports City е покрај палатата на шеикот каде фотографитањето е строго забрането. Во хотелот Mall of Emirates – најголемиот трговски центар надвор од американскиот континент, се  издигнува затворена скијачка патека со вештачки снег до височина од 85 метри. Во долниот дел од патеката има трговски центар, одделен со стаклени прегради. Најдолгата патека е  400 м, со висиочинска разлика од 65 м, а ширината на скијалиштето изнесува 80 м, со максимален капацитет од 1500 луѓе на час со пет ски лифтови. За оние кои не скијаат, тука е најголемиот снежен парк на светот, со дури 3000 кавадратни метри, со ескимски куќи, разни склуптури од мраз и многу други занимливости. Се издава опрема и облека, скии со панцирана облека да се влезе во снежна аванатура на минус два степени целзиусови, за скијање, санкање, лизгање, правење снежни топки…

Жежок сендвич од јагнешко или пилешко

Ноќе Дубаи е силно осветлен како во бајките. Најголемата зграда на светот – Бурј Дубаи потсетува на кула со височина од 800 метри. Лајтмотивот на Дубаи е градењето на Хидрополис – хотел со 15 катови под вода! Интересен е податокот дека се вложени четири милијарди долари за проширување на постоечкиот аеродром на кој секоја минута слетува по еден авион, а на другата страна на градот изникнува целосно нов, кој по завршувањето на 2020 година, ќе биде најголем на светот. Службен јазик е арапскиот и поголемиот број знаци, огласи, натписи се на арапски или англиски. Дубаи е мултинационален град, нема забрани или прописи за облекувањето на посетителите или туристите, додека локалното население се облекува во својата традиционална облека. Има голем избор на храна со многу достапни цени од сите делови на светот средна, источна – либанска, иранска, мароканска храна… како и интернационална европска кујна која е богато застапена. Низ целиот град на штандови се продава shwarma – жежок сендвич од јагнешко или пилешко, танко исечено од ражен – ротирачки, ставено со пита со зеленчук. која чини неколку дирхани (службена валута). Ексклузивниот ресторан Al Dawar Revolving се наоѓа на 25-от кат од хотелот Hyatt Regency, низ чии огромни стаклени прозорци се нуди извонреден поглед на Dubai Creek и осветлениот Арапски залив. Погледот постојано се менува од минута во минута, а за 1 час и 40 минути ротирачкиот ресторан прави полн круг!  Во Дубаи, глетката, која се протега, постојано се менува, бидеќи изникнуваат нови облакодери, луксузни хотели, високи кули… Отвореноста кон модернизацијата, прифаќањето на нови визии води кон успеси и благосостојба. Нема гладни и сиромашни, нема невработени, нема криминал!

ХОТЕЛ КАКО ЕДРО

Јумеирах плажата е заштитниот знак на Дубаи и главниот мотив на разгледниците, сувенирите и брошурите за градот. Хотелот Бурј Ал Араб, со својот карактеристичен изглед на едро и висината од 321 метри над Арапскиот Залив, стана икона на Дубаи, како и мета на секоја посета на ОАЕ. Малку познат, покрај Бурј Ал Араб, е и Јумеирах Хотелот изграден во форма на бран. Кога двете градби ќе се погледнат од брегот, изгледаат како едро на бранови. Плажите со најлуксузните хотели во задината, мамат на шетање босоноги туристи по плажата со топол, како брашно песок, и уживаат во топлото море.

Пушење водено луле

Весели мигови се доживуваат со задолжителното тетовирање на кожата, или пушењето од sheeshe, т.н. водено луле кое е дозволено и во ресторани, кафеани, кафулиња, хотели, на улица… Sheeshu само се полни со вода, се затвора и се става ароматизиран тутун/смола со вкус на јаболко (најпопуларна), јагода, ананас, боровинка, ментол… а потоа на врвот се става јаглен кој малку чади. Пушењето sheeshe може лесно да ве опие и дава ароматично ориентално опуштање, а со ритамот на арапска музика чувствувате како да летате на волшебен тепих! Градот е ориентиран на туризам и нуди богати и ексклузивни можности и места за шопинг и разгледување. Има свој шопинг фестивал кој започнува во јануари и трае цел месец. Во текот на фестивалот цените на производите на најлуксузните и оригинални модни имиња и креатори, се намалуваат и за 80 отсто и има многу наградни игри, со златни плочи, скапоцени автомобили, луксузни станови…

Loading