СТАРТ ОКОЛУ 21 АВГУСТ

Трета лига

Нема термин за старт на Третата лига – Југ, иако планиран е 21 август. Причина се прописите, кои се услогласуваат за петте региони. Планирано е да земат учество 16 екипи, но сé зависи од котизацијата. Се шпекулира дека клубовите ќе треба да платат по 50 илјади денари. Не е потврдено. Седиштето беше во Прилеп, а натаму ќе премине во административна канцеларија. Заинтересирани се и од Кавадарци. И тука претстои битка, но логично е предност да има Прилеп, според тоа како без забелешки се одвиваа првенствата години наназад. Нови членови на Лигата се Сирково (Кавадарци) и Кадино, шести тим од општинава, покрај Младост (Кривогаштани), Големо Коњари, Млекар (Мало Коњари), Партизан (Обршани) и Корзо.

Loading